Денеска се одбележуваат 23 години од монструозниот масакр врз Бошњаците од страна на српските сили во Сребреница, што се случи во 1995 година.
Како и секоја година, така и оваа, ќе се одржи комеморација за настраданите во Меморијалниот центар Поточари. Таму ќе пристигнат делегации од повеќе земји, кои ќе положат цвеќе во знак на почит на настраданите. Потоа следува погребување на посмртните останки на уште 71 жртви, идентификувани лани.
Во 2007 година во Меѓународниот суд за правда во Хаг, по тужба на БиХ против Југославија, беше усвоено дека во Сребреница во 1995 се случил масовен геноцид во кој се убиени најмалу 8000 луѓе.