Мајли Сајрус во последно време повеќе покажува од што крие, но овој пат го покажа својот нов попримерен изглед.
Оваа година многу се зборува за Мајли Сајрус, па не е ни чудо што таа се наоѓа во категоријата на највлијателни луѓе на листата на Time. Победникот ќе го дознаеме наскоро, но Мајли секојдневно се обидува да биде поинтересна и да предизвика реакција од своите обожаватели- и оние другите.
21-годишната Мајли веќе некое време носи панк фризура, но се чини дека таа и здосадила, па за 24-тото издание по ред на концертот KROQ Almost Acoustic Christmas се појавила со нов изглед.
Боб фризурата со шишки ја врати на старата мила, мала Мајли. Се чини дека пејачката ставила надградба на коса и лажни шишки, но секако добра промена по сето тоа што (не)носеше оваа година.
Додека на Божиќната забава го провоцираше лошиот Дедо Мраз со својот провокативен танц, овој пат била скротена и само уживала во друштвото на пријателите. Ако се сомневате дека ова е Мајли, нејзинито јазик ќе го докаже спротивното.