Блудниот син – Чарлс Буковски

Низ познатиот лик Хенри Кинаски авторот се навраќа кон своите почетоци, кон сопственото детство. 1360784073963Големата животна авантура тој ја започнува како „блуден син“, со своето рано заминување од домот, кога решава да ги напушти својот авторитетен татко и покорната мајка.

Хенри, како младо момче, копнее по нежност, пријателство и внимание од девојките, но неговата реална или замислена грдотија често го доведува до судир со околината. Поради акните во пубертетот, тој постојано го преживува чувството на срам и тага пред сопствениот одраз во огледало.

Тоа развива во него воајерски особини кон луѓето, а посебно кон жените. Тогаш, можеби, се уште не е свесен дека не му е обележано само лицето, туку и духот – со огромен талент.

Чарлс Буковски (1920-1994) е роден во Германија, но животот го поминал главно во Лос Анџелес и скитајќи низ Америка. Контроверзен писател и поет, автор на повеќе од 50 книги со различна жанровска припадност: поеми, кратки раскази и новели. Карактеристично за неговите дела се автобиографската компонента и специфичниот стилски и книжевен израз кој честопати е вулгарен и претерано експлицитен. Токму таквиот стил имал влијание врз многу современи автори. Светска слава доживал со неговиот роман „Жени“, а не помалку се познати и „Фактотум“, „Палп“, „Љубов и лудило во Лос Анџелес“, „Холивуд“…

- Реклама -