Блок мисли од Умберто Еко

Прес само неколку дена, на 84 годишна возраст почина Умберто Еко. Иако неговите дела се повеќе филозофски, отколку писателски, смртта одекна со наслови дека починал еден од најголемите писатели на денешницата. Во негова чест потсетуваме на неколку цитати што ги одбележаа семиотичките гледишта на Еко – еден од претставниците на овој филозофски правец.

umberto 1. Целата светска култура сака едно – да ја направи бесконечноста реална.

2. Светот е монотон, историјата не ги учи луѓето на ништо и во секое поколение живеат истите стравови, истите страсти … Настаните не се повторуваат, но еден настан потсетува на друг …

3. Лудите и децата секогаш ја зборуваат вистината.

4. Понекогаш е доволно да произнесеш неколку бесмислени зборови, за да влезеш во историјата.

5. Науката се уште многу малку е информирана за процесот на стареење, па јас не ја исклучувам можноста, смртта да е само последица на неправилно воспитување.

6. Книгите се пишуваат не за да веруваш во нив, туку да размислиш за нив.

7. Луѓето цела недела чекаат да дојде петок, цела година – да дојде лето и цел живот – да бидат среќни.

8. Колку мирен би бил животот без љубов! Колку безбеден, безбурен … и колку досаден!

9. Ништо во светот не го ограбува и не го оковува срцето како што тоа го прави љубовта. И затоа, ако немаш во душата оружје што ќе ја скроти љубовта – таа душа е беспомошна и за неа нема никакво спасение.

10. Културата, не војната, го цементира европскиот идентитет.

11. Ако немам што да кажам, не пишувам.

12. Туѓата глупост никогаш не ја намалува твојата сопствена.

13. Вештината да лажеме, е едно од ретките нешта кои го разликуваат човекот од животните.

14. Бев верник до 26-годишна возраст, но одбивам да зборувам за Бог пред медиумите.

15. Не знам дали сум почувствувал големи задоволства. Веројатно поради католичкото воспитување, потрагата за среќа не е присутна во моите хоризонти. Живеам со знаењето дека сум бил поттиснат и не сакам да се жалам, би било премногу! Јас сум мирен, очекувам мирна смрт, сепак не би сакал да завршам во пеколни маки.

16. Новите технологии го убиваат размислувањето.

17. Постојано повторувам дека еден човек кој живеел без да прочита дури една книга, ќе умре, сеќавајќи се сосема малку на вистински важните работи, ќе се сеќава дека живеел ѓаволски краток живот во мрак и тага. Кога животот ќе ме напушти, јас ќе го искусам истовремено и  убиството на Јулиј Цезар, битката кај Ватерло, посетата во пеколот на Данте, Триесетгодишната војна, но исто така и авантурите… Јас сум живеел еден многу долг и богат живот.

18. Мислам дека најразумно е да се држиме до зборовите на Грамши, кој вели да бидеме песимисти поради разумот и оптимисти поради волјата.

19. Книгата е кревко суштество кое страда од уништувањето на времето, се плаши од глодари и тешки раце.

20. Во раното детство бев дел од фашистичката младина. Но, кога фашизмот падна, веќе имав единаесет, а на единаесет човекпт разбира сè. Во следните две години, годините на отпорот, живеев со трезвеност на триесет годишен маж.

21. Храброста е она што те претвора од надгледувач во учесник.

- Реклама -