Блејк Шелтон најсекси маж според „Пипл“

Кантри пејачот Блејк Шелтон е прогласен за најсекси маж за 2017, според магазинот „Пипл“, но баш и не се воодушевил од признанието.

За магазинот, Шелтон изјавил дека смета дека „им имаат снемано мажи“, затоа што никогаш не се чувствувал секси, но и дека ќе ужива во признанието.

– Тоа ќе се користи во секој разговор… Ако ми рече некој господин секси, јас ќе бидам во стилот „имаш право, јас сум секси“. Бев грд цел мој живот, па ако можам да бидам секси една година, нека бидам – се пошегувал Блејк Шелтон.

Тој е еден од најпопуларните кантри изведувачи, а истовремено е и судија во натпреварот за музички таленти „Тhe Voice“, кој може да се пофали со најголем број победи во шоуто.

Во моментов е во врска со пејачката Гвен Стефани, откако се разведе од женската кантри сензација Миранда Ламберт.

- Реклама -