Таа стана хит на социјалните мрежи, а сите се прашуваа дали има шест прсти или е во прашање нешто друго.
Новоизбраната градоначалничка на градот Херез де ла Фронтера во Шпанија стана многу популарна на социјалните мрежи, но не поради своето политичко делување. Причината за тоа се нејзините лоши сандали.
Мамен Санчез ја сликале во текот на градската седница кога забележале дека нејзините ножни прсти излегуваат од сандалите. Фотографиите експресно се проширија на Инстаграм и Твитер, а заедно со нив се расправаше и дали има шест прсти или се во прашање несоодветни сандали.
На крајот се испостави дека сепак проблемот е во погрешни обувки.
Оваа сензација доби глобални размери, бидејќи луѓето масовно започнаа да објавуваат фотографии од своите стапала, исмејувајќи ја градоначалничката. Најсмешните можете да ги најдете под хаштагот #toemaggedon.
За неа велат дека секси и многу Шпанци „одлепија“ за русокосата, но дали нејзините стапала ја променија сликата?