Бизарно: Лејди Гага во црна венчаница

Веќе навикнавме дека од Лејди Гага можеме да очекуваме сè, но таа повторно успеа да нè изненади. Овој пат со црна венчаница.

Во текот на целата своја кариера, 29 годишната контроверзна пејачка ги крши сите табуа и им дава своја интерпретација на воспоставените вредности, па оттука не е ни чудно што низ призмата на својата иронија го провлече и својот поглед кон невестата, улога која ќе је превземе и самата во приватниот живот, за време на месеците кои што следат.

Lady-Gaga-01-e1440018754616

Таа застана пред објективот на славниот американски фотограф Брус Вебер, носејќи две венчаници. Едната од нив беше традиционално бела, но премногу кратка и провикативна, а и самата Гага во неа позираше на начин кој е целосно спротивен од симболичната чистота и невиноста која ја носи белината.

Во црната венчаница, со додаток во вид на хеви метал маица на Ајрон Мејден, Гага замина и чекор подалеку што се однесува до позирањето. Таа со овој чин уште еднаш докажа дека прстенот на нејзината рака никогаш нема да влијае на онаа дива Гага, која безброј пати го оставаше светот без здив.

Lady-Gaga-02-e1440018853719

- Реклама -