Славната оскаровка Гвинет Палтроу на својот сајт „GOOP“ објавува совети за многу сексуални односи кои подразбираат и извршување на нужда во туш кабина.
Гвинет Палтроу тврди дека жените би имале подобар секс доколку почнат да прават сквотови под туш, а при тоа треба да мократ.
– Обидете се да мокрите под туш додека правите сквотови. Кога ќе клекнете да мокрите наместо да седнете на WC школката, автоматски го активирате дното на карлицата која природно се истегнува- тври актерката.
Поранешната сопруга на Крис Мартин на својот сајт објавува совети за здрав живот, а често меѓу нив се наоѓаат и некои кои ги шокираат читателите, како на пример овој.