Сте ја посетиле некогаш страната Clients From Hell? Доколку сте барем малку креативни и поседувате смисла за хумор, оваа веб-страница навистина ќе ве насмее. Концептот е едонставен: графичките дизајнери и креативци анонимно ги споделуваат со останатите оригиналните бизарните и чудни барања и коментари од нивните клиенти.
Овие безброј апсурдни и смешни моменти ги инспирираа двајцата ирски дизајнери Педи Трејси и Марк Шенли да ги претворат смешните коментари во колекција хистерични постери насловена „Sharp Suits“.