Билијардер и манекенка: Таjра Бенкс знае што сака

 

Прекрасната Тајра Бенкс која е поранешен топ модел, одлучила дека никогаш не е доцна за првата љубов, па започнала врска со Шервин Пишевар.

 

Манекенкара и милионерот се видени како посетуваат разни приватни ресторани, а извори блиски на парот кажале дека и двајцата биле на одмор на островот Свети Барт, наводно, со цел да ја одржат својата врска во тајност.

Шервин е еден од највлијателните луѓе во светот на техниката и технологијата, а е исто така меѓу главните финансиери на кампањата на Барак Обама.

Изворите исто така наведуваат дека главен мотив им била нивната страст кон бизнисот, со оглед на тоа дека и Тајра завршила на програмата на Харвард за менаџери.

- Реклама -