Били Боб: Врската со Џоли беше „лудница”

Поранешниот сопруг на Анџелина Џоли – Били Боб Торнтон, со кого актерката доживеа бурна врска и брак, се уште не го има заборавено времето во кое двајцата беа заедно.

Односите им беа јавни, а најзапаметена беше тетоважата на Анџелина со името на Били и фактот дека секој од нив ја носеше како сувенир, крвта на другиот.

 

„Тоа време беше страшна лудница. До нашата разделба, животот ни беше како плимата и осеката, но дефинитивно беше неверојатно време. Никогаш не сум жалел за него”, се сеќава денес Били Боб.

Иако беа 20 години разлика во годините, двајцата актери решија да се венчаат само два месеци по почетокот на врската, во Лас Вегас.

Прочитајте и:  Анџелина Џоли и нејзиниот билошки син, Нокс првпат заедно на црвениот тепих

Според зборовите на Торнтон причината за крајот на нивната врска бил фактот дека двајцата немале време да се гледаат, бидејќи секој од нив имал многу ангажмани во кариерата.

- Реклама -