Кога сте една од најсексите и најмоќните жени во светот, сакаш да го покажеш тоа. Особено ако твоето име е Бијонсе!
Бијонсе и Џеј Зи со својата изведба на песната ‘Drunk in Love’ го подигнаа критериумот за сески настап на престижното доделување на Греми награди. Совршеното стегнато тело пејачката го покажа во најсензационално издание, а таа и Џеј Зи докажаа дека страста во бракот не недостасува…
Како што зборовите „Пијано заљубени“ се помалку провокативни, Бијонсе е цензурирана на Греми наградите- исто како и Џеј Зи кога се појави на сцената. Се јавиле и „свештените лица“ кои мајката на 2-годишната ќерка ја оцениле како „пресекси“.
Секси трико, нишајќи ги колковите и танцувањето со сопругата на сцената некои родители го доживеале премногу провокативно, а некои изјавиле дека „Мајли Сајрус“ би била многу искритикувана ако направела нешто слично. „Жал ми е Бијонсе, но ова е тажен ден за нашите деца дека повеќе нема да можат да гледаат Греми“, вели еден коментар на Твитер, додека друга мајка пишала „дека се заблагодарува на Бог дека нејзината ќерка веќе била во кревет и дека не го гледала нејзиниот настап“.
Но, со новиот албум, Бијонсе ја покажа својата секси страна која не беше толку многу до израз. „Сакав да покажам дека го можам тоа, да се биде возрасна и да се роди дете и понатаму да се биде секси и да се имаат соништа. Не се срамам да бидам секси, верувам дека сексуалноста е моќ која сите ја имаме“, објаснила Queen B за својата провокативна страна во видеото во кое го најави пуштањето на својот петти албум.
Што мислите вие, дали настапот на Бијонсе е навистина толку скандалозен?