Бијонсе приреди двочасовен спектакл во Белград (фото+видео)

Поп дивата Бијонсе синоќа одржа двочасовен концерт во Комбанк арената во Белград, со што ја започна нејзината светска турнеја „Mrs. Carter World Tour“.

Бијонсе го започна концертот со еден час задоцнување во 21 часот со песната „Run The World (Girls)“, а во текот на шоуто се пресоблече дури пет пати.

1050215002516c82e50a50c238129259_640x932

На крајот на концертот околу 23 часот, Бијонсе го изведе хитот „Halo“ и ѝ се заблагодари на 18 илјадната публика.

„Ви благодарам. Никогаш нема да го заборавам првото шоу од турнејата и вашите преубави лица“, рече Бијонсе.

Погледнете дел од атмосферата

http://youtu.be/hqB29XBl3iM

- Реклама -