Бијонсе: По седум години нејзиниот сексапил и моќ само се зголемува

Дека на Бијонсе ѝ се повеќе од важни своите обожаватели, тоа го покажува во неделната база на нивната официјална Tumblru страна. Таму со нив споделува фотографии кои до сега не се објавени… Видете ги и вие фотографиите снимени зад сцената за време на снимањето на видео спотот на најголемата ѕвезда на денешницата.

10 11 12

Бејонсе Ноулс Картер штотуку ја заврши својата турнеја во Австралија, и има пауза до крајот на месецов кога со турнејата продолжува на 30-ти ноември во Канада.
Но и додека работи, мисли на своите фанови од целиот свет и секоја недела на својот Tumblru портал објавува фотографии од минати снимања на видео спотови, кои не биле објавени предходно.
Овој пат објави фотографии од снимањето на спотот ‘Deva Vu’, хит од 2006 година, кој го сними со нејзиниот тогаше дечко, сегашен сопруг Џеј-Зи.

13 14 15

И после десет години од хитот ‘Crazy in Love’ на Бијонсе, и понатаму „заведува и пали“. Сензуалната и секогаш активна Бијонсе, и пред седум години добро знаеше кои се нејзините адути. Освен прекрасниот глас, вештините во танц и пишување песни, Queen B секогаш знаела како да го пренесе својот сексапил.

16 17

Хитот ‘Deja Vu’ со недели беше на билборд топ листите, а песната освои и Греми награда и ремикс верзија со Freemanson.

- Реклама -