Пејачката Бијонсе се најде на насловната страна на „Тајм“ магазинот, под насловот „100 највлијателни луѓе во светот“.
„Бијонсе носи нови трендови во музичката индустрија. Нејзиниот петти албум кој неочекувано се појави минатата година во декември ги руши сите рекорди во продажбата, а освен што е огромен уметник, таа се бори и за правата на жените“, се наведува во соопштението на овој магазин.
На листата на најмоќни се најде и пејачот Фарел Вилијам, актерот Метју Меконахи, а меѓу спортистите е и Серена Вилијамс.
Папата Фрањо е највлијателниот морален водич, зад кого на листата се Барак Обама, Анѓела Меркел и Владимир Путин.
Погледнете како Бијонсе го искоментира овој успех.