Бијонсе им стави крај на гласините околу разводот со интимен момент со Џеј Зи и Блу Ајви

Погледнете само колку се среќни!

Гласините околу распаѓањето на нивниот брак го оптоваруваат нивното семејство веќе со месеци, но прифаќањето на наградата Video Vanguard Award на Бијонсе изгледаше дизајнирано засекогаш да стави крај на сите трачеви околу нивниот брачен статус.

Get More:
2014 VMA, Artists.MTV, Music

По изведбата на неверојатна мешавина од секоја песна од нејзиниот последен албум, Бијонсе ја прифати највисоката чест на VMA од нејзиниот сипруг, кој ја нарече „најдобриот жив забавувач“. Бијонсе плачеше, Блу Ајви рече „мамо“ на микрофонот, и потоа сите се прегрнаа во најсимпатичната прегратка некогаш на сцена.

„Јас сум толку полна“, рече таа со растреперен глас додека публиката го извикуваше нејзиното име. „Немам што да кажам, но чувствувам толку многу благодарност. Му благодатам на Господа за овој момент“, и потоа се сврти кон своето семејство. „Бу бу те сакам, мој драги те сакам“, рече таа на Блу Ајви и Џеј Зи. Потоа повторно се прегрнаа и излегоа од сцената, заедно.

- Реклама -