Доколку сеуште не сте љубоморни на облините на светски познатата Бијонсе, можеби ова видео ќе ја разбуди таа емоција. Но, во овој случај- оправдано.
Бијонсе го објави спотот за песната ‘Yoncé’ од новиот албум ‘Beyonce’. Видео спотот е во режија на Рики Саиз и јасно го слави женското тело- облини, задливи делови од телото за кои мажите се луди.
Queen B во спотот го покажува своето прекрасно тело, како и ангелите од брендот Victoria’s Secret- Шанел Иман, Џоан Смалс и Џордан Дaн.
„Сакав да направам нешто секси и провокативно, а сепак не невкусно“, изјавил режисерот Саиз, додавајќи дека не би сакал да тргне по патот на Мајли Сајрус и Ријана, туку нешто пософистицирано. „Вметнав елементи на она што се сметаше за провокативно во 90-тите години, како во спотовите на Мадона“, објаснил Саиз.
Сета оваа провокација, се разбира, првенствено била желба на Бијонсе која само се разработила. Ова е дефинитивно еден од нејзините најпровокативни видео записи некогаш снимани.