Изминативе недели се шпекулира дека Бијонсе е бремена со нејзиното второ дете. Поп дивата и нејзиниот сопруг ги демантираа гласините, а овој пат Бијонсе докажа дека не чека принова.
Вчера вечер на роденденската забава на Кание Вест, таа се појави во блуза со голо стомаче. Пејачката изгледаше модерно и секси во комплетот во црно-бели риги. Ќе признаете дека изгледа одлично.