Big Bang Theory во најава со спојлер

Шелдон и Ејми од серијата The Big Bang Theory следниот месец конечно ќе ја пренесат својата врска на повисоко ниво.

Парот на социјално неприлагодени научници ќе имаат сексуален однос во епизодата снимена вчера, а која ќе се прикажува премиерно на CBS на 17. декември.

Извршниот продуцент Стив Моларо наведе во соопштението дека после пет години забавување, крајно време е Шелдон и Ејми да ја конзумираат својата врска.

Тој додава дека продуцентите желно ги исчекуваат реакциите на публиката.

- Реклама -