Трендот на чипкасти здолништа над кратки панталони или гаќи продолжува да доминира на црвениот тепих.
Изгледот може да биде елегантен и бара пар гаќи, како на пример оние на Бриџит Џонс, чипкасто или проѕирно здолниште и соодветно парче за горниот дел. Дефинитивно не е за дами во одминати години.
Погледнете дел од највпечатливите и најубавите појавувања во овој моден тренд на црвениот тепих, вклучувајќи ги Кара Делевинг, Миранда Кер, Ким Кардашиан и многу други.