Сајмон Кауел е еден од оние луѓе кои имаат толку пари што можат да си припуштат се. Сепак, постојат некои работи кои не можат да се купат. На прашањето што би сакал да си препушти на себе, а тоа да не може да го купи со пари, тој одговорил дека тоа е сладолед на стомакот на неговата колешка од X Factor, пејачката Никол Шерцингер.
„Хммм да размислам… Што би можело да биде тоа… Тоа би била Никол Шерцингер. Ја замислувам како голем послужавник, а на неа сервиран сладолед кој треба да го изедам. Тоа е нешто што не можам да го купам со пари, но дефинитивно го сакам“, изјавил Сајмон во интервју за „Daily Mirror“.
Сепак, со оглед на тоа што пејачката се смири со Луис Хамилтон, се чини дека сонот на идниот татко нема да се оствари.