Би-Би-Си собра 27 музички ѕвезди во музички спот

Изведувачи од различни жанрови го пеат стариот хит на „Бич Бојс” во видео снимено во лондонската сала „Александар палас”, каде пред речиси век е емитуван првиот радио пренос на БиБиСи.

17 години по кориците на Perfect Day на Лу Рид, Би-Би-Си го пушта музичкиот канал BBC Music преку видео клип во кој песната на „Бич Бојс” од 60-тите години, God Only Knows се пренесува придружувана од музичка формација под името The Impossible Orchestra.

Меѓу 27-те ѕвезди поканети на овој голем проект се: Фарел Вилијамс, Емел Санде, Елтон Џон, Лорд, Крис Мартин од „Колдплеј”,  Кајли Миног, Стиви Вондер, Сем Смит, гитаристот на „Квин” Брајан Меј, One Direction – плус 72-годишниот Брајан Вилсон од „Бич Бојс”, кој што ја напишал и испеал песната со браќата во 1966 година.

Новата верзија е плод на соработката меѓу музичките гиганти „Сони”, „Ворнер” и „Јуниверзал мјузик”, а приходите од продажбата на синглот се за добротворната иницијатива „Деца со посебни потреби” (Children in Need).

Еве го видеото:

Еве ја и првата верзија од песната, од 1966 година.

- Реклама -