Без струја утре ќе остане дел од Општина Центар

Поради технички зафати во дистрибутивната мрежа на ЕВН, утре, 23 декември, без струја ќе останат корисниците на улицата Васил Главинов.

Се предвидува работата да се одвива во периодот меѓу 7 и 12 часот.

Регионалниот центар за управување со кризи потврдува дека причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија се закажани технички изведби од страна на екипите на ЕВН.

- Реклама -