Контровезната пејачка Лејди Гага, е главната ѕвезда на новата колекција на познатиот италијански дизајнер, но на интернет се појавија оригинални фотографии од снимањето, без Фотошоп.
Лејди Гага е заштитно лице на познатата модна куќа, за кампањата за пролет/лето 2014, а фотографирањето било минатата година.
Фотографиите на дуото Мерт Алас и Маркус Пигот оставија гламурозен впечаток, а на нив Гага изгледа и повеќе од добро. Но, не благодарение на мајка природа.
Фотографиите на пејачката без шминка и Фотошоп го преплавија интернетот со брзина на светлината, со серија негативни коментари.