Во проштално писмо коешто Слободан Праљак го имал напишано уште пред две години, како последна желба наведува кога ќе почине неговото тело да биде кремирано.
За потсетување, Праљак е осуден воен злосторник кој во моментот кога се изрекуваше пресудата во хашкиот трибунал, испи цијанид извикувајќи дека не направил никакво зло.
Тој е полковникот кој во воениот конфликт во 90-тите ја издал наредбата за рушење на мостот во градот Мостар.
Исто така, Праљак не сакал никакви почести, со оглед на тоа што Хрватска веќе го идеализира и побарал сето тоа да се одвива тајно.
Така, неговото тело е пренесено од Хаг до Загреб со непозната за јавноста авионска линија и е кремиран во непознат крематориум, во присуство на најблиските.
Во понеделник ќе се одржи комеморација во негова чест, во загребската сала „Лисински“.