Поранешен љубовник: Бев 6 години во врска со Мајкл Џексон

Скот Торсон, кој со години му беше љубовник на славниот Либерачи, изјавил дека на почетокот на 80-тите бил во геј врска со кралот на поп музиката.

Скот Торсон, кој е најпознат како љубовник на познатиот пијанист Либерачи, тврди дека 6-7 години се забавувал во Мајкл Џексон.

liberace-thorson

Приказната да биде уште поинтересна, Торсон и Џексон, ги запознал токму Либерачи.

„Тоа беше во времето кога Мајкл ја објави познатата песна Трилер. Тогаш станавме љубовници“, изјавил Торсон за лондонскиот „Sun“, а потоа опишал како изгледала првата интимна средба со кралот на поп музиката.

scott_thorson_tues_360

„Стоев среде соба, кога Мајкл ми мафна со рака да му се приближам во кревет. Водевме љубов еден час. Тој беше прекрасен и ми купуваше скапи подароци“, раскажал Торсон.

Инаку, врз основа на љубовната приказна меѓу Торсон и Либерачи е снимен филмот „Behind The Candelabra“ во кој главните улоги ги толкуваат Мет Дејмон и Мајкл Даглас чија премиера во Ирска се одржа пред три дена.

article-2336314-1A340677000005DC-159_634x575

- Реклама -