Бети Вајт прогласена за најомилена позната личност

Легендарната американска актерка Бети Вајт, која моментално е актуелна по улогата во серијата „Hot in Cleveland“ е прогласена за најомилена позната личност во Америка.

На 91-годишната актерка конкуренција ѝ биле Сандра Булок и Том Хенкс, кои ги зазедоа второто и третото место.

Ова е трет пат Бети Вајт да биде избрана за најомилена личност во рамки на анкетата што секоја година ја спроведува агенцијата „E-Poll Market Research“.

На листата на најомилени селебрити во изминатата година се најдоа и Морган Фриман, комичарката Керол Барнет, Поли Перет од серијата NCIS и олимписката шампионка Габи Даглас.

- Реклама -