Шарлиз Терон: Беспрекорна во секој поглед

Насловот воопшто не е претеран. Шарлиз Терон изгледа беспрекорно од глава до пети.

Актерката Шарлиз Терон се појави во елегантно издание на црвениот килим на Уметничка гала вечера во Беверли Хилс. Се одлучила за долг црн фустан кој ги истакна нејзините облини со светкави златни детали на рамената. Актерката малку си погирала со фризурата, но резултатот е одличен. Целиот изглед го дополнила со минималистичка шминка, црн лак за нокти и мала црна чанта.

Ова издание на Шарлиз, 38, е доказ дека една жена може да биде секси и во фустан кој не открива ниту еден дел од телото. Браво!

article-2465658-18CFD4BD00000578-336_634x1004 article-2465658-18CFD4CD00000578-516_634x1127

 

- Реклама -