Бенедикт Камбербеч: Името ми звучи како прдеж во када

Бенедикт призна дека долго време го мразел своето презиме и наместо него го користел презимето Карлтон.„Почнав кариера како Бенедикт Карлтон што е името на дедо ми. Камбербеч ми звучеше како прдеж во када … Верувајте ми, звучи уште посмешно со англиски акцент.

Но подоцна агентот, кој се покажа како помудар од мене, ме убеди да си го вратам презимето, кое е убаво за актер. И се покажа во право – луѓето доста се забавуваат на таа тема и продолжуваат да го прават тоа, а мене не ми пречи “, изјави во интервју британската ѕвезда.

Во моментов тој го очекува своето прво дете од Софи Хантер.

- Реклама -