Белгија му нуди азил на Пуџдемон

Доколку на Пуџдемон му се заканува затворска казна, Белгија би му одобрила политички азил, изјавил белгискиот министер за миграција, Тео Франкнен.

Тој за локална телевизија изјавил дека ако се согледа ситуацијата, тогаш е и очекуван чекор од страна на Белгија.

Франкнен исто така наведува дека не може да се очекува Пуџдемон да добие фер судење во Шпанија. Односите меѓу Шпанија и Белгија се заострени поради ситуации од доцните 90-ти, кога Белгија одби да екстрадира пар кој шпанците го барале поради врски со баскијската милитантна група ЕТА.

Инаку, денес на улиците на Барселона се одржа контапротест, на кој демонстрантите бараат обединетост на Шпанија.

- Реклама -