Бела чорба

Како предјадење наместо вообичаената супа ви предлагаме да подготвите бела чорба. Исто така, ви ја препорачуваме во зимските денови како заштита од грипот затоа што содржи зеленчук и витамини.

Состојки: 4 моркови, 1 пашканат, 2 корени першун, мал целер, 1 главица кромид, црвена пиперка, тиквица, лимон, 200 мл. кисела павлака, 2 лажици зејтин, бибер, мешан зачин, сол, ловоров лист.

4461_+stock-photo-bowl-of-vichyssoise-with-oil-and-rustic-bread-shutterstock_14725009_iff

Подготовка:
Ситно исецкајте го кромидот, додадете го биберот и ловоровиот лист, посолете и динстајте во зејтин. Кога кромидот ќе омекне, додадете ја ситно исечканата пиперка и пржете неколку минути. Додете ги исечканите морков, першун и пашканат, па додадете вода. Кога зеленчукот ќе омекне, испасирајте го и додадете вода по желба колку сакате да ви биде густа чорбата. Додадете ја тиквицата исечена на ситни коцки и оставете да врие уште 20 минути. Во готовата чорба додадете го сокот од лимон и додадете ја павлакта постојано мешајќи.

Добар апетит!

- Реклама -