Вчера вечер целото семејство Бекам уживаше на хокејски натпревар, а Дејвид и Харпер Севн во еден момент беа во центарот на вниманието. Дури и Викторија се насмеа.
На натпреварот меѓу ЛА Лејкерс и Денвер Нагетс минатата година беше мета со сопругата Викторија, а овој пат „Kiss Cam“ ги „улови“ Дејвид Бекам и неговата ќеркичка Харпер Севн.
Вчера вечер целото семејство Бекам беше на натпреварот меѓу Лос Анџелес Кингс и Сан Хосе Шаркс, кога во еден момент таткото и ќерката се најдоа во центарот на вниманието. Дејвид ја бакнуваше малата Харпер, а таа се смешкаше.
Оваа слатка ситуација измами насмевка и кај Викторија.
До славното семејство, натпреварот го следеше и Том Круз со неговиот син.