Дејвид Бекам доживеа сообраќајна несреќа

Славниот англиски фудбалер Дејвид Бекам (38), во петокот попладне доживеа сообраќајна несреќа во Беверли Хилс.

Според пишувањата на американските медиуми сударот се случил околу 14:30 часот по локално време. Бекам зад воланот на неговиот црн „Range Rover Sporta“, излегувајќи од неговата куќа, удрил во возилото „Honda Acuru“ со кое управувала непозната жена.

Во моментот на несреќата во автомобилот се наоѓал и неговиот 14-годишен син Бруклин. За среќа, никој не бил сериозно повреден, а Бекам ја пречекал полицијата во својата куќа.

Ова не е прв пат тој и неговиот син Бруклин да имаат сообраќајна несреќа. Пред две години тие беа дел од верижен судир на еден од најпрометните автопати во Лос Анџелес. За среќа, и тогаш поминаа неповредени.

60871153