Бебе се родило на пешачки премин

„ О, боже, доаѓа бебе! И тогаш се појави главата на бебето“, раскажува еден сведок за несекојдневниот настан.

Една девојка од Њујорк во 03.30 часот на сред улица, точно на пешачки премин, го родила девојчето Ајла. Жената тргнала кон болницата и безуспешно чекала такси, па раѓањето на бебето не можело да почека.

Оние кои присуствувале на раѓањето на девојчето изјавиле дека бебето излегло додека да трепнеш. Еден минувач го покрил бебето со марама, па мајката и дедето набрзо биле пренесени во болницата „Lenoks Hil”.

Поли Мекортн очајно барала такси, но не успеала да стигне, туку само седела на тротоар и се породила. Нејзиниот сопруг Кијен се враќал од Њу Џерси и стигнал баш во моемнтот кога се пораѓала неговата сопруга, Поли.

„ Инстиктивно знаев дека нешто се случува со Поли кога видов собрани луѓе. Се надевав дека на паднала и не се онесвестила. На сета среќа и двете се одлично“, вели сопругот.

Една од минувачите ја прегрнала Поли после породувањето, па среќната мајка се одлучила средното име на бебето да биде името на жената.

 

- Реклама -