Ѕвездата од серијата „Gossip Girl“ поднесе барање за банкрот тврдејќи дека потрошила 1,5 милиони долари во судската битка за старателството на децата.
Кели Рутерфорд мора да лета од САД во Монако за да ги види своите две деца за кого старателството му е доделено на нејзиниот поранешен сопруг, а сега поднесе барање за банкрот, пренесува Mail Online.
Актерката наводно потрошила 1,5 милиони долари на жестоката бракоразводна битка со Даниел Гиршом.
Во барањето за банкрот тврди дека долгот ѝ е поголем од 2 милиони долари и бара нејзиниот поранешен сопруг да ги подмири судските трошоци.
Ѕвездата на ултра популарната серија „Gossip Girl“ тврди дека месечните примања ѝ се намалиле од 486 000 долари на скромни 1 279. Во документот се наведува дека актерката позната и по улогата во „Melrose Place“ должи над 350 000 долари даночни обврски и повеќе од 25 000 долари на картичка Amex.
Кели го напушти Даниел во 2009 година, додека беше бремена со второто дете, а судот на германскиот бизнисмен лани му го додели старателството над децата.
Кели тврди дека е принудена да живее кај пријатели и дека и понатаму ќе се бори за своите деца Хермес (6) и Хелена (3).
Изјавила дека за една година дури 40 пати летала во Европа за да ги види децата и дека ги потрошила сите заработени пари.
„Секое пени што го заработив во „Gossip Girl“, сите акции ги потрошив во борбата за моите деца“.