Банкнота сувенир со ликот на Карл Маркс, во апоен о 0 евра, е новиот хит во светот.
Оваа банкнота е испечатена по повод 200 години од раѓањето на Маркс. Банкнотата е малку поголема од банкнотата од 20 евра и е направена од истата хартија како и парите во Европската унија. Од компанијата што ја испечатила изјавиле дека е популарна и дека многу е продавана.
Луѓето кои сакаат да ја имаат оваа банкнота за неа треба да издвојат по 3 евра. Досега најпродавана е во земјите од Азија.