Да се носат балеринки на стапалата и успешно да се справува со вештините кои тие ги наметнуваат со себе е огромно постигнување, но се чини дека ова не е доволно за француската балерина Амели Сегара. Таа, ги крева умешностите на балетот на еден повисок левел во видео перформансот изведен врз уметничката инсталација на Хавиер Перез. Носејќи балеринки на стапалата на кои се прицврстени и ножеви, Сергара ни прикажува неверојатна танчерска изведба врз пијано.