Без разлика дали се работи за бакнеж со некоја нова личност во вашиот живот или пак за бакнеж со вашиот животен партнер, бакнувањето остава импресија којашто трае и откако усните ќе се затворат.
Бакнувањето игра важна улога во врската и ја зацврстува романтичната компатибилност. Колку што повеќе луѓето се бакнуваат, толку повеќе се способни да комуницираат на романтично ниво.
Грешки на мажите и жените
Најголемата грешка кај мажите во бакнувањето е штосе премногу агресивни со јазикот, а во исто време тврдат дека жените недоволно ја отвараат устата. И за двата пола, најголемите „поплаки“ доаѓаат од неинвентивноста во самиот чин на бакнување.
Се препорачува бакнување на различни делови од лицето на партнерот и посветување внимание на ушите и вратот. Нежното грицкање на долната усна и поминувањето со јазикот и предните заби околу ушната школка дава една нова димензија на бакнувањето и придонесува за развивање на уште посилна романтична врска.
Направете го бакнувањето незаборавно
Клучот за незаборавен бакнеж лежи во тоа вие да сте задоволни и вашиот партнер да е задоволен. Без да се употребуваат зборови, вашите усни треба да ја испраќаат пораката дека има следува уште, додека усните на партнерот треба да ја испратат пораката дека уште е тоа што го посакуваат.
Постојат начини бакнувањето да биде секогаш свежо и ново. Започнете со нежни бакнежи на вратот, движете се кон увото и потоа преминете на усните. Направете кратка пауза и пак вратете се на усните. За уште поголема возбуда, додека се бакнувате можете со едната рака да го фатите вратот на партнерот. Тоа ја зголемува страста и испраќа порака дека сè уште не е доволно.
Жешките бакнежи најчесто се случуваат во почетокот на врската или за време на медениот месец. Подоцна, кога двајцата партнери се наоѓаат во подолга врска, почнуваат да го прекинуваат бакнувањето и со тоа го губат тој дел од интимната поврзаност. Во едно истражување, дури 80% од жените коишто имаат долги врски или се во брак подолго време, велат дека не се бакнуваат со своите мажи ниту во мал процент од она што тие го сакаат.
Бакнувањето мора постојано да биде вклучено во романтичната игра. Емоционалното значење на бакнежот обично е почетокот од каде што понатаму се развиваат нештата и не би требало да се напушти практиката за бакнување само поради тоа што се знаете долго време со вашиот партнер.
Објавено во соработка со За Здравје.