Бакнеж кој ја шокираше јавноста. Дали Џенифер ќе може да го прости ова?

Актерот Џастин Тирокс ја има една од најпосакуваните веренички во светот, Џенифер Анистон. Но сепак, тоа не го спречува да дели бакнежи и на други жени.

Имено, 42-годишниот актер ја „почести“ со бакнеж својата долгогодишна пријателка и воедно сопруга на легендарниот пејач Стинг, 59-годишната Труди Стајлер.

Овој романтичен пријателски излив на љубов се случил на една завава во Сан Франциско, која ја организираше Роберт Дауни Џуниор, по повод 40-годишниот роденден на неговата сопруга Сузан.

Иако се речиси нераздвојни, сепак, Џенифер не го придружуваше вереникот на забавата. Сепак, блиски пријатели на актерите тврдат дека станувало збор само за пријателски гест. Доказ за тоа е и фактот што Труди е сопруга на Стинг 21 година и со него има четири деца.

Сепак, доколку овој бакнеж е навистина пријателски, тие мора да имаат навистина слободоумни сфаќања.

Trudie-Styler-and-Sting-001