Уживајте во фантастичниот вкус на овој лесен десерт. Може да го послужите по ручекот или да ги изненадите пријателите со кафето што ќе го испиете кај вас. Едноставно се подготвува, а за да се најде на трпезата не ви е потребно многу време.
Состојки: 5 жолчки, 200г шеќер во прав, 600г мелени бисквити, 100г мелени бадеми, 125г путер, 2дл сок од праска, 250мл слатка павлака, 2 реда чоколада за готвење
Подготовка: Пенасто изматете ги жолчките, додајте го шеќерот во прав и матете додека не се соединат, па префрлете ја смесата во сад со дупло дно и ставете ја на оган. Гответе додека смесата не се згусне и додека не го видите дното на садот кога ќе помешате со лажица.
Мелените бискивити и мелените бадеми прелијте ги со сокот од портокал и добро соединете ги двете состојки додека ранмомерно не ја впијат течноста. Потоа додајте го подготвениот фил и путерот кој претходно сте го сматиле. Соединете убаво, ставете го во калап за торта со форма по желба.
Тортата украсете ја со сматена слатка павлака и изрендана чоколада или цели бадеми.
Добар апетит!