Ужасна сообраќајка се случила денеска на булеварот Србија во општина Аеродром, откако комбе прегазило баба, дедо и внуче на пешачки премин.
Бабата починала откако била пренесена во Ургентниот центар, детето се бори за живот, а нешто помали се повредите на дедото, кој додека ги реанимирале бабата и внучето, плачел и се удирал со тупаници поради шокот.
Овој пешачки премин е таканаречена црна зона, а граѓаните често бараат да се постави семафор, поради тоа што им е потребен на пешаците, а возачите, без оглед на одбележаната зебра, никогаш не застануваат за пешаците да можат безбедно да поминат.
Комбето со велешки регистарски таблички се движело со непрописно голема брзина на булеварот.