На 22 октомври околу 14:20 часот, патничко возило со скопски регистарски таблички удрило во жена-пешак од Куманово.
74-годишната жена по ударот се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Медицинскиот центар во Куманово.
Оттаму, поради сериозноста на повредите била итно пренесена на Ургентен центар во Скопје.
Според полицијата, возачот кој управувал со возилото има 52 години и е од селото Дренок, Старо Нагоричане. Дополнително ќе се истражуваат причините за оваа незгода.