Астеорид ќе прелета на рекордна близина до Земјата

Утре вечер во 20:24 на рекордна близина до Земјата ќе прелета астероидот 2012 DA14. Оддалеченоста ќе изнесува само 27 000 километри. Како што велат експертите досега ниту еден друг астероид не прелетал толку близу до нашата планета.

Неговата разорна моќ може да се спореди со атомска бомба, меѓутоа, научниците истакнуваат дека сигурно нема да удри во Земјата. Исто така не постои опасност 2012 DA14 да погоди некој од геостационираните сателити иако ќе помине на мала оддалеченост од нивната орбита.

Астероидот 2012 DA14 е летечки рудник!

Астероидот што утре ќе прелета вреди 195 милијарди во платина и други суровини. Оваа фантастична можност за експлоатација на астероидите е една од клучните причини поради која што најголемиот радарски телескоп во светот Golдstone ќе го мери неговото движење.

 

- Реклама -