Постојат илјадници анимирани гиф (GIF) датотеки од јапонски цртани ликови, познати личности кои прават смешни работи и слатки животни.
Многу од овие слики кои се движат се вулгарни, но сепак се вирални на интернет затоа што тие се забавни и брзо стануваат навика за гледање. Во оваа статија се вклучени пет креативни индивидуи кои всушност го земаат овој вид медиум сериозно, и со негова помош го користат како сретство за уметничко изразување или да се промовираат рекламни клипови за клиентот.
Филмските аниматори Џони Кели И Метју Купер создале 56 анимирани гифови за рекламна камнања за училиштето Елисава.
Со користење на Cinema 4D и After Effects, Паоло Цериќ е меѓународно познат по неговите хипнотички 3-D форми и геометриски фигури.
Уметникот Ердал Инчи употребува фотографски слики и лесно сликање во поголемиот дел од неговите хипнотизирачки дела.
Анимациите на Франсоа Гама потсетуваат на фракталната уметност, која беше правена во почетокот на 2000-та година од Џошуа Дејвис и Амит Питару.
Давидоп има неколку филмски стилови за клипови, но мнозинството од неговите гифови се во 3-D и оптичка уметност.