Во 2011 година „Penguin Books“ и дадоа задолжение на француската илустраторка Малика Фавре да ја илустрира насловната страница за Кама Сутра. Но, наместо да смисли некакво предвидливо издание, таа се послужи со неколку пози инспирирани од книгата, кои едноставно формираат букви.
Уживајќи во зададениот предизвик, Фавре создаде цела азбука составена од Кама Сутра пози. Подолу ви прикажуваме неколку илустрации од серијата „Kama Sutra Alphabet“, а доколку сакате да погледнете повеќе од нејзиното творештво, можете да го направите тоа на нејзината официјална страница, тука.