Анџелина Џоли колабираше

Кога не е актерка, оваа холивудска ѕвезда се грижи за мир во светот, посебно за жените кои се жртви на силувањето. По тој повод, Анџелина Џоли говореше на состанокот G8 за министри одржан во Лондон.

„Стотици илјади жени и деца се сексуално злоставувани во војните низ нашите генерации. Но, насилството можеме да го спречиме и со тоа мораме да се соочиме. Силувањето не е женско прашање, тоа е глобален проблем“, заклучила Анџелина. Сепак, се чини дека хуманитарните ангажмани оваа позната актерка ја чинат здравје.

„National Enquirer“, пишува како ѕвездата колабирала, а наводно на подот ја пронашол нејзиниот сопруг, Бред Пит кој се исплашил и викал како хуманитарната работа ја убива.

Анџелина била исцрпена после патот во Конго, а Бред ја пронашол падната на подот во купатилото. Таа после ова признала како не се чувствува баш најдобро, а тој ја советувал како и е потребен подолг одмор бидејќи премногу работи.

- Реклама -