Ќе прават, нема да прават свадба. Веќе се венчани? Планираат свадба? Медиумите со месеци пишуваат и погодуваат што се случува во љубовниот живот на Анџелина Џоли и Бред Пит. Сега има нови детали за големиот ден…
Иако се шушкаше дека славната двојка застанала пред олтарот затоа што носат исти прстени, изгледа дека тоа се уште не се случило. Според последните натписи во британските медиуми, двојката треба да прави свадба околу Божиќ.
„Им се допаѓа идејата за божиќна свадба во нивниот дом во Франција“, открил извор за британска Grazia.
„Главната забава со зимска тематика ќе биде сместена во Франција каде што ќе се соберат нивните најблиски пријатели и членови на семејството. Сите се возбудени, особено нивните деца“, додава истиот извор.
Анџелина планира да оди на друга операција по двојната мастектомија, за да го намали риризкот од рак на јајниците. Таа и Бред планираат свадба пред операцијата, а поради тоа што не можат легално да се венчаат во Франција, церемонија ќе имаат и на Хаваи.
Слвната двојка има предбрачен договор на 101 страница во кој стои дека ако дојде до развод парите заработени во бракот ќе ги поделат на половина.
„Ако земете предвид дека имаат 200 милиони фунти, 6 деца и имоти насекаде низ светот, тоа има смисла. Двајцата биле во брак и знаат како стојат работите по развод“, пишуваат британските медиуми.