Анџелина најплатена актерка во Холивуд

Анџелина Џоли, која во моментов работи на филмот „Maleficent“, е најплатена холивудска актерка со минатогодишна заработка од 33 милиони долари, проценува магазинот „Forbs“.

На второ место е оскаровката Џенифер Лоранс со 26 милиони долари, а на трето е минатогодишната „кралица“ на листата Кристен Стјуарт со заработка од 22 милиони долари.

„Холивуд не се криеше од Џоли. Таа и понатаму е една од малкуте актерки кои можат да побараат повеќе од 15 милиони долари за филм кој одговара, како што е случај со верзијата за приказната за Заспаната убавица на Дизни“, наведува магазинот.

Џоли (38), оваа година го шокираше светот кога објави за превентивната двојна маскетомија.

На четврто место на листата се наоѓа Џенифер Анистон со 20 милиони долари, додека Ема Стоун е на петото со заработка до 16 милиони долари.

[youtube]http://youtu.be/DKu3AxwhySg[/youtube]

- Реклама -