Погледнете каква невеста беше пејачката пред пет години.
Нашата естрадна ѕвезда и музичарка по професија, Андријана Јаневска, сподели фотографии од нејзината свадба, по повод годишнината од бракот.
Таа веќе неколку години е во брак со гитаристот Гино, а на социјалните мрежи не ја сокри радоста за тоа, колку ужива во заедничкиот живот.
„Иако сме официјално венчани на 30-ти декември, на денешен ден правевме свадба. Само што сега сме двапати посреќни со двете мали мажиња :)“, напиша пејачката како опис на фотографиите од нејзината венчавка.
Во продолжение, дел од нејзиниот невестински албум.