Анџелина знае како да го усреќи својот маж

Познатата актерка и хуманитарка, Анџлина Џоли ги дизајнирала манжетните и копчињата направени од дијаманти само за својот Бред Пит.
Анџелина Џоли започнала соработка со златарот Роберт Прокоп, кој му помагал и на Бред Пит кој ги дизајнирал нејзините.

Се чини дека на Бред му се допаѓа нејзината работа, бидејќи на Оскарите носеше костум кој имаше дијамантни копчиња и манжетни дизајнирани од неговата сакана. Копчињата имаат сентиментална вредност за него бидејќи му ги поклонила за Божиќ. Анџелина секако знае како да го направи среќен својот маж.

На доделувањето на Оскарите двојката едноставно сјаеше. Иако околу нив имаше стотина луѓе, Анџелина и Пит се однесуваа како да се на интимна вечера. Заљубениот пар не можеше да се одвојат еден од друг.

- Реклама -